ВАКА се однесува во кревет мажот кој навистина е заљубен во вас!

Се прашувате дали неговите чувстава се искрени или сака само едно од вас: Начинот на кој се однесува прави разлика помеѓу сексот и водење љубов.
Однесувањето во кревет ќе ви открие колку е луд по вас…Ве бакнува често и долго

Мажите не се баш заљубени во бакнежите и ги сметаат за многу интимен чин. Доколку ве бакнува нежно и стравствено по целото тело и го прави тоа често, со тоа на свој начин ви покажува колку му се допаѓате и дека е потполно луд по вас.
Му придава големо внимание на сексот

Сексот е секако многу важен дел од врската, но мажот кој искрено ве сака ќе ја успори целата рутина околу сексот. Тој ќе се задржи на предиграта, галењето и ќе се потруди пред самиот чин и вие да бидете поеднакво возбудени како него. Со тоа што ќе го стави вашето задоволство на прво место ќе ви покаже дека навистина ве сака.

Се труди да ги разбере вашите желби

Момчето кое искрено ве сака ќе се труди да ве задоволи најдобро што може. Внимателно ќе слуша што точно ви одговара, што ви е важно во врската и сексот. Тој подеднакво ќе ужива во моментите кои му претходат на сексот, во самиот секс, и во моментите потоа.
Потполно е опуштен

Можеби не е совршен во секој момент, но неговото несовршенство го прави совршен партнер за долга врска. Момчето кое вистински ве сака не може да го замисли животот без вас  и секогаш во ваше присуство, но и во сексот ќе биде опуштен и спонтан.Ве бакнува често и долго

Пронајдете не на следниве мрежи: