ИСПОВЕД НА НЕКОЛКУ ДЕВОЈКИ: Што ако вашето момче побара да му го покажете мобилниот телефон?

Ако ми верува нема ни да ме праша, а ако не ми верува нема да ми верува ни кога нема да пронајде ништо што би ги потврдило неговите сомнежи…Љубомората е нешто што е присутно во секоја врска, а во мали количини дури е и добра. Сепак, постои граница за се па така и за љубомората. Што ако вашето момче е толку љубоморно што од вас би побарал да му го дадете на пребарување вашиот мобилен телефон? Дали ќе му го дадете или ќе му замерите што воопшто ве прашува такво нешто?
Ивана, 27- Искрено немам проблем со покажувањето на мобилниот телефон на моето момче но мислам дека за тоа нема ни потреба. Ако ви верува нема ни да ве праша, а ако не ми верува нема ни да почне да ми верува кога нема да пронајде ништо што би го потврдило неговиот сомнеж.
Ана, 21- Моето момче и јас ја практикуваме политиката на отклучени мобилни телефони и мислам дека ни оди доста добро. Не му го проверувам телефонот, но самиот факт дека знам дека можам некако ме смирува.

Марија, 24- Моето момче еднаш бараше да му го дадам мобилниот телефон бидејќи не ми веруваше дека се допишувам со другарка. Му го покажав и му пререков после тоа. Не е проблем љубомората, проблем е фактот дека не ми веруваше, иако за тоа немаше никаква причина.
Ивана, 23- Немам проблем со тоа да му го покажам мобилниот телефон на моето момче, но искрено мислам и дека не би ни ми го побарал. Во врска со тоа мора да постои доверба без никакво проверување. Ако го нема тоа врската нема никаква смисла.
Ана Марија, 24- Би му го покажала но би се запрашала поради што ми го бара мојот мобилен на преглед. Ако не ми верува нема да ми поверува ни кога ќе го види и ништо не пронајде.Љубомората е нешто што е присутно во секоја врска, а во мали количини дури е и добра. Сепак, постои граница за се па така и за љубомората. Што ако

Пронајдете не на следниве мрежи: