Типови на девојки кои мажите ги обожуваат

Овие девојки ги обожаваат мажите!
Во оваа поделба накратко се опишани неколку типови девојки кои докажано го привлекуваат машкото внимание. Девојки, прочитајте ги внимателно, можеби ќе се пронајдете во некои карактеристики.
А вие момци, слободно споделете го вашето мислење дали се согласувате со оваа класификација и кој е вашиот омилен тип девојка.
Госпоѓица „слатка“
Позитивна девојка со интересен живот, секогаш оптимистична, благослов е да ја имате во вашето опкружување. Таа е фина личност. Едноставно таа никогаш не се однесува како „кучка“. Ја радуваат средбите со вас и сето свое внимание ви го посветува вам. Ако пронајдете ваква девојка, чувајте ја внимателно и грижете се за неа бидејќи таа е вистинска скапоценост.
Госпоѓица „еднаква“
Станува збор за вистинска феминистка. Девојка која стои цврсто на своите ставови. Таа не ги мрази мажите, туку само сака еднаквост помеѓу партнерите. Сака одговорностите и обврските во врската да бидат еднакво поделени.
Госпоѓица „сексуална“
 Треба да бидете навистина среќни за да ја запознаете неа. Оваа госпоѓица ги сака мажите и го сака сексот и нема речиси никакви ограничувања на оваа тема. Таа не продава секс и не го користи сексот како начин за да манипулира со мажите, туку едноставно копнее по него. Не треба да ја нарекувате нимфоманка, бидејќи таа не е тоа. Таа едноставно сака да ужива во својата сексуаланост.Жените најчесто ја мразат и ја сметаат за лесно достапна девојка. Но, мажите ја обожаваат, го обожаваат нејзиниот слободен дух и желбата за секс.

 
Госпоѓица „најдобар пријател“
 Овој тип девојка е многу сличен на госпоѓица слатка. Таа е девојка која е во потполна согласност со вас, бидејќи сакате исти работи, гледате исти ТВ програми, oдете на исти места. По само 5 минути поминати со неа, може да помислите дека ја знаете со години. Таа е секогаш на ваша страна, се смее на вашите шеги и ви се јавува само за да ви рече „Здраво“, бидејќи и недостигате. Најдобра е за дружба. Но, доколку навистина ви се допаѓа и сакате да бидете повеќе од пријатели, потрудете се и сексуално да ја заинтригирате и да и дадете до знаење дека ве привлекува. Ако од почеток се поставите како нејзин пријател, подоцна тешко ќе ја промените таа мисла во нејзината глава. Доколку ја сакате како девојка, реагирајте на самиот почеток.
Госпоѓица „јасна“
Девојка која знае како да комуницира. Со неа нема да имате потреба да читате мисли и да решавате загатки, бидејќи таа отворено ги изнесува своите мисли и чувства. Ова не е тип девојка која кажува едно, а има потреба од нешто друго. Доколку таа сака нешто, тоа го бара директно и јасно.
Госпоѓица „независна“
Девојка која има сопствен живот и се движи во позитивна насока, кон остварување на своите цели. Доколку немате многу време за вложување во врска или пак сакате повеќе простор за себе, ова е идеален тип девојка за вас. Таа е девојка која сака да има машко во нејзиниот живот, но нема некои преголеми потреби од него. Таа не бара маж за да ги реши нејзините  проблеми или пак да го обвинува кога работите нема да се одвиваат добро. Таа си е доволна сама на себе.

 
Госпоѓица „без притисок“
Додека другите девојки сонуваат и копнеат за да се омажат, таа воопшто и не се обидува да размислува за тоа. Таа едноставно е среќна да биде со вас. „Каде оди нашата врска“, „кога ќе ме запросиш“ и „каква ќе биде нашата венчавка“ се прашања кои никогаш нема да ги чуете од оваа девојка. Таа секако дека сака да се омажи, но не се брза за брак. За неа мажењето е спонтана работа, која доколку се случи би требало да биде природно. Девојка која ужива во сегашниот момент на љубов.
Госпоѓица „сигурна“
 Девојка која добро ги знае своите добри и лоши страни и е во добра согласност сосамата себеси. Не пати да биде центар на внимание, има самодоверба и не бара постојано да и бидете посветени за да ù го зголемувате егото. Сака да биде со вас и ве прифаќа такви какви што сте.
Госпоѓица „шарм“
Можеби нема убавина за мис на светот, но нејзината интелегенција, духовитост и искреност ја осветлуваат собата во која таа е присутна. Таа е како магнет за луѓето. Нејзиниот шарм и харизмата ги надополнуваат сите нејзини недостатоци.
Госпоѓица „нематеријалистка“
Ова е најнентипичен тип современа жена. Таа воопшто не се грижи дали и колку пари имате. Таа ве сака вас и вие сте ù доволен. Воопшто и не размислува за материјалните работи кои таа може да ги добие од вас. Исто така и оваа девојка е еден вид феминистка. Секогаш го плаќа својот дел од трошоците и сака работите во врската да бидат еднакво поделени.
Госпоѓица „вистинска“
Многу момци избираат девојки кои претставуваат само трофеј, некој кој ќе им помогне да го зајакнат својот статус меѓу останатите мажи или ќе им помогнат во прикривање на својата несигурност. Но, во целата нивна игра на барање, докажување и ловење девојки, сигурно е дека ќе се појави некоја која ќе ги направи вистински среќни, која ќе одговара на нивните лични барања и на социјалниот статус. Во тој момент тие престануваат со својата потрага и ù се посветуваат неа. Госпоѓицата „вистинска“ е таа која на вистински начин ќе ги допре и ќе им го понуди најдоброто од себе, ќе ги сака и разбира, ќе биде една и единствена – нивната ВИСТИНСКА.
Извор: lady.mk
 

Пронајдете не на следниве мрежи: