Новите сознанија за тајните на квалитетните врски ќе ви помогнат да почувствувате најискрени емоции во прегратката на вашиот сакан…
Раздвојувањето ја зацврстува врската – Важно е да поминувате време заедно, но понекогаш треба да се одвоите, да соберете некое ново искуство, за после да си поделите нови мислења. А и ќе си недостасувате пропорционално на времето додека сте одвоени.
Чувството дека нешто не „штима“ во врската е веројатно точно – со самото тоа што сте женско, надарени сте да имате интуиција, која во најголем број случаеви не ве изневерува. Ако почувствувате дека не му требате, дека не е толку загреан како порано кон вас, најверојатно е вистина.
Ако ја изневерувал поранешната девојка, најверојатно ќе ве изневерува и вас – момците изневеруваат со цел да си го нахранат егото, уживаат во заведувањето или им е тешко да одолеат на секс ако им се пружи прилика за тоа. Овие фактори придонесуваат на сериско изневерување, па ако дечкото со кој што сте, еднаш изневерил, ќе го направи тоа повторно.
Се однесува заштитнички кон вас и сака да ви води сметка за се – иако вие сте образована и самостојна, сепак тој сака да биде витез на бел коњ и да ве заштитува, дали поради посилната конституција, или поради одамна всадените гени. Во спротивно, комплексите ќе го уништат. А и тоа што му допуштате да се грижи за вас, му дава на знаење дека ви е важен.
Верувајте му кога ќе ви каже дека не е спремен за сериозна врска – верувале или не, момците навистина не сакаат да ги разочаруваат жените, па така ако ви кажат дека не се спремни за врска, веројатно го мислат тоа, затоа не си „гаите“ илузии на празно. Причините за ова се различни, не сака да се врзува, сака секс без обврска, не смета дека сте вистинската личност за него итн, а крајниот резултат е секогаш ист – не сака да ви биде момче.
Со тек на време сексот може да ви биде се подобар – многу луѓе сметаат дека со тек на време сексот станува досаден, но најновите истражувања покажуваат дека после фазата на „напаленост“, се запознавате многу подлабоко и развивате меѓусебна доверба, па чинот на водење љубов станува поинтимен и еротичен.
Нема да зажалите ако раскинете со момчето за кое не сте сигурни дека е оној вистинскиот – многу девојки немаат проблем да се впуштат во сексуални односи со новото момче и се трудат од црното да направат бело, за врската да успее по секоја цена, иако знаат дека тој не е вистинскиот за нив. Доколку почувствувате дека нешто не „штима“, не се двоумете да ставите крај и да побарате ново момче кое ќе ви одговара во целост.
Новите сознанија за тајните на квалитетните врски ќе ви помогнат да почувствувате најискрени емоции во прегратката на