Деца, работа, купување, одржување на покуќнина … секојдневниот живот ви е испонет со толку многу обврски , па немате време за секс. Еве како можете да најдете време и мотивација за повторно да си играте мама и тато …
Вие не сте само партнери во одгледување на децата, туку и љубовници кои делат нешто посебно. Еве како со мали трикови можете да го ре-запалите огнот .
1. Ставете го сексот на дневен ред
“Не звучи секси, но е мудро сексот да го вметнете во распоредот. Сосема спонтано, најдете некој необичен дел од денот, на пример наутро кога децата одат во градинка. Така, ќе го испланирате сексот набрзина, пред работа, за убаво да ви започне денот.
2. Запомнете дека има бебиситерски
Вие не мора да поминуваат 24 часа со своите деца. Но кој вели бабата или бејбиситерката треба да ја ангажирате само кога ќе излегувате навечер? Дозволете бебиситерката да ги однесе вашите деца во паркот или на кино попладне, па барем еднаш нема да морате да ја заклучувате собата.
3. Утврдете ги границите во спалната
Поставете граници во вашата спална соба. Вашите деца треба да знааат дека постои време само за возрасни. На здрав и природен начин објаснете им на децата дека тоа е време кога мама и тато се сакаат, без да навлегувате во детали.
4. Претворете ја вашата спална соба во соба за романтика
Мали детали ќе ја претворат спалната соба во место за страст. Просторијата ќе стане поатрактивна ако додадете фина постелнина, пригушени светла и запалени свеќа.
5. Бидете интимни без секс
Постојат начини да се биде интимен без секс. Допирање, споделување на секси пораки, лежете во кревет и само мастурбирајте. Така ослободете ја тензијата, поминувајте време заедно и забавувајте се.
6. Не плашете се од периоди на суша
Не грижете се ако некое време не сте имале секс. Грижите и стресот само ќе ви го убијат либидото, па не допуштајте мрзоволноста да се всади во вашата глава. Најдобро решение е разговор со вашиот партнер. Отворете се, зборувајте за вашите стравови и признајте му го тоа што сметате дека ви се случува. Не е добра идеја сета вина да ја префрлите врз него.
7. Секси начин на живот
Вие и вашиот сопруг секој ден работите илјадници работи кои не ви се возбудливи. Обидете се да се гледате во очи како тинејџери. Замислете колку пати сте се соблекле пред сопругот, а за тоа не сте размислувале. Размислете за тоа колку би бил среќен, баш како ученик, кога убава жена се соблекува пред него. Не ги потценувајте сите заборавени елементи на атракција. Едноставно кажано, подмладете се.
8. Размена на секси пораки
Секси SMS-не се само за љубовниците и нема ништо лошо во тоа да си испраќате љубовни пораки со вашиот сопруг. Тоа ќе ве потсети дека не сте само партнери во одгледување на децата, туку и љубовници кои делат нешто посебно.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Деца, работа, купување, одржување на покуќнина … секојдневниот живот ви е испонет со толку многу обврски , па немате