Додека на некои им е потребна само кратка помисла на секс за да бидат подготвени за авантура под постелнината, други ќе бидат подготвени да уживаат во предиграта која вклучува афродизијаци кои помагаат во поткренување на либидото.
Овие афродизијаци се природни и вкусни намирници кои може да се најдат во секој дом.
Аспарагус
Еве уште една добра причина зошто треба да се јадат пет порции зеленчук секој ден. Аспарагусот е преполн со витамин Е, познат и како секс витамин, со оглед на тоа дека го зголемува нивото на машкиот хормон тестостерон, клучен хормон за сексуалното здравје.
Мед
Медот во овие ладни денови би требало да го конзумирате, со цел да се подигне нивото на имунитетот и да се подготвите за борба против грипот и настинката. Истовремено, медот ви дава енергија и издржливост и на телото му ја обезбедува потребна количина на хормонот тестостерон.
Авокадо
Иако не е популарна намирница во нашите краеви, авокадото сепак може да се најде во голем број продавници без никаков проблем. Ако се изгмечи, авокадото може и да се мачка на сендвичи – ниско калорична замена за крем сирењето и путерот, исто така е добар и за срце, за намалување на притисокот, за подигнување на добриот холестерол и за заштита на вашите очи. За добар секс треба да имате многу енергија, а тоа ќе ви го овозможи авокадото.
Ванила
Додека изразот ванила сексот го означува како „здодевен вид на секс“, т.н. водење љубов во мисионерска положба, ванилата може да биде и од голема корист за вашето либидо. Всушност, таа може да го потпали оганот во вас, а во минатото се користела како природна Вијагра и лек за импотенција.
Банана
Ова овошје дури и асоцира на секс, освен тоа што се состои од витамин Б и калиум. Овие два витамина помагаат да се одржи неопходното ниво на енергија, а истовремено го олеснуваат создавањето на полови хормони.
Copyright 2012 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.
Пронајдете не на следниве мрежи: