Колку врски секојдневно се растураат заради Фејсбук? Колку е тажно што денес поголем дел од животот ни се одвива пред компјутер? Со партнерот повеќе се гледате на Фејсбук отколку во живо.
Подолу наведуваме 10 љубовни грешки кои не би требало да се прават, а сепак многумина се имаат вплеткано во нивната замка…
1. Заеднички профил
Матеј и Елена Петровски само што ве додаде за пријател, ве „тагна“ на многу фотографии на кои сте сликани заедно и ви прати порака со многу лично прашање. Но, кој? Матеј, или Елена? Навистина иритирачки. Вие сте одделни личности, па имајте и одделни профили!
2. Лути статуси
Мислите дека сте итри ако ставите статус поврзан со расправијата што сте ја имале, па личноста на која и е наменет ќе ја разбере поентата. Но… не сте. Статусот го гледаат сите, и сите точно знаат што сте сакале да кажете.
3. Албуми
Сите сакаме да го погледнеме албумот од некое туристичко место, роденден, или венчавка, а вие сте се сликале во иста поза девет илјади пати со 15 различни фотошоп ефекти и сопствени коментари. Тоа воопшто не е интересно. Ако толку многу ви се допаѓаат сликите, сочувајте ги на својот компјутер, само за вашите очи.
4. Статус врски
Заедно сте неколку дена, многу се допишувате и тој е единствената личност за која разговарате. Тогаш го додавате како партнер на Facebook… и тој одбива, а вие плачете со часови. Друг пат почекајте прво да воспоставите offline врска, па потоа додадете го online.
5. Негови пријатели
Бевте на прв состанок и сè помина совршено, дојдовте дома и ѕирнавте во нејзиниот/неговиот Facebook профил. Оставате статус на неговиот/нејзиниот ѕид – благодарам за супер поминатата вечер, коментирате неколку статуси подолу и испраќате покани за пријателство на неговите/нејзините пријатели и семејството… Сепак, додека не станете пар, вашата врска нека остане потивка, на тој начин ќе се поштедите од срам.
6. Горчина
За жал раскинавте. Срцето ви е скршено, но не сте единствени. Повеќето луѓе преживуваат најмалку четири раскинувања пред да го пронајдат вистинскиот. Победете ја потребата горчината да ја истурите на Facebook. Раскинувањето поднесете го достоинствено, а ако немате доверба во себе, за почеток малку оддалечете се од Facebook.
7. Синдром на интерни шеги
Многу луѓе не разликуваат интерни шеги од оние кои сите ги разбираат. Она што не е општо познат факт, смешно е само за вас и неколкумина луѓе. Останатите ќе мислат дека сте неписмени, без смисла за хумор, или во најмала рака чудни доколку интерните шеги ги ставате на вашиот ѕид.
8. Информации за сексот
Ако не сте знаеле повеќето возрасни луѓе обично имаат сексуален живот и тоа што и вие сте почнале, или би сакале да почнете не е работа со која треба да се фалите. Тоа што најпосле имате партнер е ваша работа и не е за статуси, освен ако не сакате да оставите впечаток на лузер.
9. Следење на дечкото/девојката
Не морате да го коментирате секој статус кој вашиот партнер го искоментирал, или пак фотографија, да се вклучите во секоја негова расправа…Ако тој/таа ви остави срце или ви пише дека ве сака, не значи дека задолжително треба да одговорите во иста мера.
10. Преголема сериозност
Ако сте во врска сменете го статусот, без разлика што веќе трет пат овој месец го менувате. Ставете лајк на песната која ви се допаѓа, коментирајте ги фотографиите и статусите на пријателите, ставете лајк на добар текст…
Претерувањето не е добро, ама не е добра ниту пасивноста. Другите би можеле да помислат дека немате свој живот.
Пронајдете не на следниве мрежи: