Иако сакаме да веруваме дека искреноста е најдобрата основа за една врска, сепак ретко кој е целосно искрен и отворен со својот партнер. Понекогаш лажеме за да го заштитиме партнерот а некогаш за да се заштитиме себеси од бескрајно долги расправии. Ова се најчестите лаги кои жените ги кажуваат на мажите.
Не се лутам
На сите ни се познати овие 3 збора. Наместо да се почнува кавга на јавно место или пред легнување, жените ја користат оваа фраза за да “докажат” дека е се во ред, но по неа следи познатиот третман со молчење, со кој всушност тие го казнуваат партнерот.
Излези со другарите
Девојките често глумат дека не им пречи што нивното момче веќе 3 вечер по ред излегува со другарите, но наместо да го кажат ова, тие ќе молчат и ќе собираат негативни поени. Откако конечно “ќе им пукне филмот”, веројатно е да избувне поголема кавга од што треба.
Не сакам врска
Кога девојка ќе го каже ова на момче, во превод значи: “Не сакам врска со тебе.” Но ова е најлесниот начин да се одбие некој дечко без да биде оставен повреден, и затоа жените често ја користат.
Втор си ми
Сите луѓе лажат за бројот на партнери што го имале. Мажите го зголемуваат, жените го намалуваат. Мажите лажат со цел да бидат полесно прифатени како мачо типови, а девојките го прават ова со цел да ги скријат сите “пијани” ноќи и грешки за кои се каат.
Пронајдете не на следниве мрежи: