Компанијата „Пера Констракшн“ ќе го гради новиот објект во кој ќе биде сместена локалната самоуправа на Општина Центар, информираше во вторникот Министерството за транспорт и врски.
Оваа компанија дала најдобра понуда на електронското јавно наддавање, кое се одржало во понеделникот.
За отуѓување на градежно земјиште со вкупна површина од 7.528 метри квадратни, „Пера Констракшн“, понудила цена од 3.080 денари за метар квадратен.
Компанијата е должна на свој трошок, во целост да го изгради објектот со намена „локална самоуправа“ и по изградбата истиот, без надомест, да го предаде во владение и сопственост на општина Центар.
За ова, компанијата пред склучување на договорот за отуѓување на градежното земјиште ќе треба да склучи договор со општина Центар со кој ќе се утврдат правата и обврските за изградба на објектот кој ќе биде со намена „локална самоуправа“.
Објектот ќе треба да биде изграден во завршна фаза без ентериерно уредување, врз база на идејно решение и Основен проект изработен од страна на Општина Центар.
Макфакс
Пронајдете не на следниве мрежи: