Како дамите се справуваат со високите потпетици?!

Ние дамите од Континентот сме значително постабилни и грациозни на високи потпетици во споредба со претставничките на понежниот пол од островите.
Новите истражувања покажуваат дека токму на Британките најнеудобни им се високите потпетици. 20% од нив признаваат дека го испуштаат возот или автобусот поради чевлите, а 29% паѓаат по скали, поради нестабилноста која ја чувствуваат на високи потпетици. Инциденти со високите чевли препнувајќи се на улица имале 43% од учесничките во испитувањето.
Најдобро со високи потпетици се справуваат Французинките и Шпанките, а 23% од Британките признаваат дека неможат дури ни да одржат рамнотежа на високи чевли. И иако дури 70% од дамите паѓаат и се наоѓаат во непријатни ситуации поради изборот на чевли, 59% од нив настојуваат да продолжат да ги носат, независно колку болка ќе им предизвикаат.
Како вие се снаоѓате со високите потпетици?Ние дамите од Континентот сме значително постабилни и грациозни на високи потпетици во споредба со претставничките на

Пронајдете не на следниве мрежи: