Идеална црвена боја на кармин за темен тен

Каков црвен кармин да користиме кога сме поцрнети би требало да не биде тешко прашање со оглед на тоа дека црвениот кармин е тренд што нема крај. Сепак, многу девојки избегнуваат да ставаат црвен кармин во лето, мислејќи дека тој не оди со нивниот темен тен. Без грижи,  следејќи ги најновите трендови на бои и најновите истражувања ние ќе ви помогнеме да ја пронајдете вистинската црвена боја за вас.
Недамнешни истражувања велат дека колку е поголем контрастот помеѓу различните делови на лицето, толку изгледате поздраво и попривлечно. А, оваа сезона хит е карминот со малку потемна црвена боја, и токму тој модните експерти го препорачуваат за потемен тен.
За зелени очи и потемен тен користете потемни нијанси на црвен кармин, дури онакви кои одат накај лила. Доколку имате сини очи, посветол црвен кармин ќе ви одговара повеќе и со вашиот нормален тен, а и со потемнетиот. За потемни очи  се препорачуваат темно црвени усни, па и бордо. 
 Каков црвен кармин да користиме кога сме поцрнети би требало да не биде тешко прашање со оглед на тоа дека црвениот ка

Пронајдете не на следниве мрежи: