Еден од омилените додатоци на жените – високите потпетици, всушност сe измислени за мажи, раскажуваат кураторите од Музејот на чевли „Бата“ (BataShoeMuseum.ca) во Торонто, по повод нивната најнова изложба насловена „Љубопитната историја на мажите во потпетици“ (Standing Tall: A Curious History of Men in Heels).„Откритието“ не било наменето за одење, туку за јавање. Први ги носеле персиските коњаници, а улогата на штиклата била да им помага да се задржат на уздите.
Високите потпетици се појавиле во Европа кон крајот на XVI и почетокот на XVII век и во наредните 130 години мажите ги носеле како знак на власт и престиж, раскажува Елизабет Семолхак – виш кустос на музејот.
Во XVII век, францускиот крал Луј XIV се качил на потпетици кои биле високи 10 cm. Тие, како и неговите чорапи, задолжително биле црвени, а за таа цел бил користен скап пигмент кој прикажувал изобилство и раскош.
За да ја направи модата уште поелитна, Луј XIV издал наредба само неговите дворјани да имаат право да носат црвени потпетици. Во 30. години на XVIII век, мажите се откажале од овие чевли, но со текот на годините модата секогаш се враќа – од чевлите со платформи и потпетици од 70. години на минатиот век, сѐ до рок ѕвездите и современите каубои.
Жените ги прифатија високите потпетици околу 30. години на XVII век, кога навлегле во машката територија со пушење лулиња и кратко шишање на косата.
Околу 1740 година вискоите потпетици излегле од машката мода, а 50 години подоцна, по Француската револуција, жените исто така престанале да ги носат.
Тие едвај се вратија во мода кон средината на XIX век.
Фото: Bata Shoe Museum„Откритието“ не било наменето за одење, туку за јавање. Први ги носеле персиските коњаници, а улогата на штиклата била да им помага да