16 ноември 2015, Скопје – Издавачката куќа „Антолог“ од Скопје со големо задоволство го најавува објавувањето на романот „Оваа приказна“ од Алесандро Барико, еден од омилените италијански писатели во светот. Со ова, „Антолог“ го прави достапен за македонските читатели и третиот од четирите најнови романи на Барико, по „Емаус“ и „Трипати взори“. Преводот е на Лилјана Узуновиќ.„Оваа приказна“ ја раскажува животната приказна на Ултимо Пари. Тој е момче што ќе остари обидувајќи се да го доведе во ред светот. Има пет години кога ќе го види првиот автомобил, деветнаесет на денот на битката на Кобарид од Првата светска војна, дваесет и пет кога ќе ја запознае љубовта на својот живот и многу повеќе вечерта кога ќе умре, во некое непознато далечно место. Оваа приказна е неговата приказна. Вака накратко гласи описот на романот што во 2011 година ја доби наградата „Фриул Адрија“. Книгата е објавена со поддршка на програмата„Креативна Европа“ на Европската Унија.
Алесандро Барико (1958) е италијански романсиер, сценарист, пијанист, книжевен и музички критичар, новинар, режисер и есеист. Автор е на единаесет романи. Добитник е на голем број книжевни награди во Франција и во Италија. Неговите дела се преведувани и обожавани во многу средини, меѓу кои исклучително во Македонија.
Лилјана Узуновиќ е преведувачка од италијански и виш лектор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“. Магистер е по француска и италијанска книжевност. Превела на македонски десетина книги од италијански писатели. Добитничка е на наградата за најдобар превод „Божидар Настев“ (2008). Носител е на орденот витез на Италијанската Република (2009).
Добре дојдовте во светот на книгите, добре дојдовте во „Антолог“!
За „Антолог“
АНТОЛОГ – Скопје е книгоиздателство првпат основано на 7 јули 1999 година, од страна на македонскиот писателАлександар Кујунџиски. Овој датум истовремено e формален почеток на една дамнешна бизнис-идеја, но и продолжение на една долга и разновидна уметничка традиција. Сè до 1903 година, во семејното стебло на Кујунџиски се впишани неколку генерации златари-кујунџии, чии филигрански ракоделија денес се втопени во морето на креативниот гениј на македонскиот народ. Хуморот, сликарството, актерството, уметничката фотографија, исто така, се дел од меморијата и оставината на Кујунџиски. Но, Зборот е оној што отсекогаш бил наша првична и основна инспирација. Зборот преточен во книжевност, belles-lettres…
Повеќе информации: www.antolog.mk„Оваа приказна“ ја раскажува животната приказна на Ултимо Пари. Тој е момче што ќе остари обидувајќи