Најболната тема во животот на младата пејачка е поврзана за нејзиниот брат, кој боледувал од Даунов синдром.Едита Арадиновиќ денеска е една од најпознатите пејачки на помладите генерации, со групата „Министерка“ доминира во познатите клубови на Балканот и има талент што го покажува и во учеството во емисијата „Твоето лице звучи познато“, а во јавноста речиси секогаш е насмеана.
Но, зад таа насмевка се крие голема тага, и тоа за братот, кој таа и сестра ѝ Индира Арадиновиќ – Инди го изгубиле пред речиси 13 години.
Семир, како што се викал нивниот брат, боледувал од Даунов синдром. Едита имала 11 години кога Семир починал, а за него во јавноста не говори премногу.
Но, Едита, веројатно понесена од емоциите, одлучила нивната заедничка фотографија да ја сподели со сите, и тоа со порака која е повеќе од емотивна.
-Да не грешев колку што грешам никогаш немаше да бидам ова што сум денес. Брат и сестра, спомени, напиша Едита под фотографијата која е направена во далечната 2005 година.
Едита Арадиновиќ денеска е една од најпознатите пејачки на помладите генерации, со групата „Министерка“ доминира во познатите клубови н



