Вељко наполни 21 година: Цеца откри зошто не ја повикал на роденденот

Вељко Ражнатовиќ во неделата наполни 21 година, а роденденот го славеше два дена со пријателите.Овој со него не беше неговата мајка Светлана Ражнатовиќ, како што било во случајот минатите годни, а не ја повикал на прославата затоа што одлучил роденденот да го слави на Копаоник, додека фолк фолк дивата била гостинка на концерт на еден колега и пријател.
Иако претходните годни правеше забава за својот роденден на која присуствуваа многу пријатели на семејството Ражнатовиќ, синот на Цеца одлучи оваа година роденденот да го слави со најблиските пријатели и без својата мајка.
Цеца открива дека ова е прва година Вељко сам да ја организира својата прослава на која го собрал своето друштво. Вељко роденденот го дочека на Копаоник, за забавата потоа да продолжи целиот ден.
-Постои сега некој нов тренд родендените да се дочекуваат навечер, па утредента се слави цел ден. Така направи и тој. На Копаоник го прослави роденденот со пријателите и сестрата, а потоа се враќаат во Белград. Ова е прв роденден кој го слави без мене, со своите пријатели. Додека беше мал за забавите одлучував јас, сега кога се големи тие си водат сметка за своите забави, јас за моите. Затоа јас дојдов да го прославам неговиот роденден со мојот колега Мирослав Илиќ, кој исто така има роденден кога и мојот Вељко, кажа Цеца, која беше на концертот на Мирослав Илиќ.
Иако не го прославила роденденот со својот син, со него се слушнала на полноќ и кажа што му посакала.
-Како мајка на прво место му посакав да биде здрав и жив. Сите останати желби може сам да ги оствари, а ако му затреба помош сека дека ќе бидам тука да му се најдам, вели искрено фолк ѕвездата.
Во текот на кариерата на Цеца нејзините деца беа изложени на јавноста, а секој нивни чекор беше следен, па српските медиуми ги заинтересирало колку од приватниот живот Вељко и Анастасија жртвувале поради кариерата на својата мајка.
-Не можам да кажам дека немало жртви, но да се разбереме покрај сите тие жртви постојат и бенефити. Не можам секогаш да гледам од таа мрачна или погрда страна. И едната и другата страна носат убаво и грдо, така што се тоа заедно го составува животот, вели Цеца.Овој со него не беше неговата мајка Светлана Ражнатовиќ, како што било во случајот минатите годни, а не ја повикал на прославата затоа што одлучил

Пронајдете не на следниве мрежи: