Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври” распиша конкурс за нејзино доделување за 2013 година.
Со државната награда „11 Октомври” се оддава највисоко признание за животно дело во областа на науката, уметноста, стопанството и во другите дејности од јавен интерес.
Државната награда „11 Октомври ” се доделува, по правило, секоја година, на поединци, група творци, екипи, установи, трговски друштва и здруженија на граѓани од земјата.
Државната награда под условите определени во конкурсот може да се додели и на странски државјани, група творци, екипи и институции од странство.
На награден поединец му се доделува: диплома, плакета и паричен износ.
На секој член на наградена група творци или екипа им се доделува диплома, плакета и подеднаков дел од паричниот износ.
На наградена установа, трговско друштво или здружение на граѓани им се доделува диплома и плакета.
Паричниот износ на државната награда „11 Октомври” изнесува петнаесет (15) просечни месечни плати во Република Македонија исплатени во последните три месеци во тековната година.
Во една година може да се доделат најмногу до пет (5) награди.
Иницијатива за доделување на државната награда „11 Октомври” може да поднесат: установи, трговски друштва, здруженија на граѓани и граѓани.
Подносителите на иницијатива за доделување на државната награда треба подробно да ја образложат иницијативата. Во текстот треба да се содржани : прецизни биографски податоци, точна адреса на живеење (адреса-улица, број, место, град, држава), податоци за остварените резултати во областа во којашто е постигнато остварувањето и други податоци што се смета дека ќе придонесат во оценувањето.
Подносителот на иницијативата треба да го наведе своето целосно име и презиме, назив, фирма, адреса и телефон.
Текстот на иницијативата (комплетиран) да се достави во 20 примероци, а трудови, книги, публикации и сл. се третираат како прилози и треба да се достават во еден примерок.
Адреса на којашто треба да се достават иницијативите : Министерство за култура на Република Македонија – Одбор за доделување на државната награда „11 Октомври”, ул.”Ѓуро Ѓаковиќ” бр. 61 – Скопје, Република Македонија, е-маил www.kultura.gov.mk
Конкурсот трае од 1.05 до 31.05. 2013 година.
Некомплетните иницијативи и иницијативите и предлозите (трудови, книги, публикации и сл.) доставени по утврдениот рок за прием по конкурсот нема да бидат разгледувани.
Макфакс
Одборот за доделување на државната награда „11 Октомври” распиша конкурс за нејзино доделување за 2013 година.