“Како е да се биде сингл”: Селин Дион му дала брилијантен одговор на дрскиот новинар

Славната пејачка Селин Дион, чиј сопруг Рене Анжелил минатата година почина од карцином, на една канадска телевизиска емисија ја претставувала својата нова колекција на чанти и модни додатоци, кога еден новинар и го поставил секогаш најважното прашање – што има на љубовен план. 
Дион со сјајна и брза реакција ги воодушевила сите гледачи. 
“Сакав да Ве прашам за Вашиот приватен живот”, рекол во еден момент новинарот, притоа додавајќи: “Сега е тоа за Вас цел нов свет, сингл жена сте. Како е животот?”
Без момент на размислување, Дион му упатила сериозен поглед и возвратила со прашањето: “Дали тоа Вие ме поканувате на состанок?”
убликата во студиото почнала воодушевено да ракоплеска, а Селин продолжила, пеејќи го рефренот на песната “Diamonds” од Ријана. Новинарот се насмевнал, велејки дека е “веројатно подготвен” да ја однесе на состанок. Прашањето било сосема неумесно со оглед на тоа дека Дион пред тоа зборувала како се чувстува поради загубата на својот маж Рене.
Селин и Рене се венчале во 1994. година во базиликата Нотр-Дам во Монтреал, во која беше одржано и последното негово испраќање. Пејачката со Рене има три сина, 15-годишниот Рене-Чарлс и петгодишните близнаци Нелсон и Еди.
 
 
 

 
 
  
Дион со сјајна и брза реакција ги воодушевила сите гледачи. 
“Сакав да Ве прашам за Вашиот приватен живот”,

Пронајдете не на следниве мрежи: