Ракометарите на Вардар се нови европски шампиони-ова не е сон ова денес е реалност. Нашите ракометари вчеравечер во финалето во инфаркт завршница го совладаа ПСЖ со 24:23. Победничкиот гол го постигна Иван Чупиќ на само две секунди до крајот на мечот, но сепак ракометарите до шампионската титула не стигнаа сами, еден од најзаслужните е нивниот тренер Раул Гонзалес.Раул Гонзалес важи за спортска икона, не само кај нас туку и во светски рамки. Скоро две години е на кормилото на најтрофејниот ракометен клуб Вардар кој заедно со него ги забележа своите најголеми успеси досега. Шпанецот, кого играчите го нарекуваат и ел команданте, по природа е тивок, трпелив и неизбувлив. Таков е и како татко. Сопругата Ана и ќерките Сузана и Ана веќе година и пол живеат со него во Скопје, а животот овде многу им се допаѓа затоа што, како што велат, се чувствуваат исто како дома, пишува Вечер на почетокот од годината.
Македонија е преубава земја, во Скопје живеам скоро две години и можам слободно да кажам дека се чувствувам исто како дома. Сопругата и децата дојдоа малку подоцна, но и тие веќе се навикнаа на животот овде. Тука сме послободни, можеме да излегуваме кога сакаме, во Шпанија не е така”, вели Гонзалес.
Мојата работа е таква, цело време сум со обврски. Често патувам и не можам многу време да поминувам со ќерките. Сопругата е таа која се грижи за нив и максимално е посветена на нивното воспитување. Сепак, Ана и Сузана се мирни деца и немаме никакви проблеми со нив”, потенцираше тренерот на црвено-црната фурија.
Крушата под круша паѓа, но не и е во семејството Гонзалес. Ана и Сузана иако тренираат ракомет, не се големи фанови на овој спорт, но затоа на секој натпревар се на трибините од каде го бодрат тато и навиваат.
Сакаат да гледаат, но не и да играат. Тренираат и двете, но не се баш најдобри. Сепак, со работа и труд се постигнува се, треба само да бидат упорни и истрајни во желбата и намерата”, заврши Раул.Раул Гонзалес важи за спортска икона, не само кај нас туку и во светски рамки. Скоро две години е на кормилото на најтрофејниот ракометен клуб Вард