Српската пеачка Ана Николиќ и Стефан Ѓуриќ Раста во јуни ќе бидат родители. Иако се венчава минатата година во тајност, српскиот брачен пар планира да направи свадбена прослава, но откако ќе им дојде приновата.„Сега навистина не сум во ситуација да носам венчаница, ниту себе си се замислувам со 100 килограми во венчаница, но може подоцна кога ќе се роди детето и се ќе биде во ред. Можеби ќе направиме крштевка и венчавка наеднаш, зошто да не. На мене генерално свадбите ми се малку клише и сите тоа го прават, но можеби би сакала да ја облечам венчаницата.
Генерално, црковната венчавка ми е многу важна. Можам само да кажам дека ние не сме ни малку скромни кога се во прашање прославите и дека тоа ќе биде една голема, мрсна, православна свадба“, кажува Ана, која бременоста одлично ја поднесува.„Сега навистина не сум во ситуација да носам венчаница, ниту себе си се замислувам со 100 килограми во венчаница, но може подоцна кога ќе се