Пејачката Лепа Брена за прв пат проговори за тоа како се чувствувала во 1991 година, кога како најголема југословенска ѕвезда, одеднаш, како што вели, се нашла на столбот на срамот, откако се омажила за Слободан Боба Живојиновиќ.Брена искрено вели дека во некој друг живот, никогаш не би сакала да биде пејачка и да минува низ сите убави и лоши работи кои и се служиле низ животниот пат.
„Не можам да им верувам на луѓето кои го поминале напорниот пат во животот и тогаш велат: „Јас би сакал повторно пак“. Кога повторно би се родила, никогаш не би го работела ова. Не само како Лепа Брена, туку и како претседател или кралица на светот. Тешко е и напорно за жена да биде и сопруга и деловна жена. Децата не ги интересира успешна мајка, која прави кариера на пејачка и добро заработува. Да можам да го вратам времето, никогаш не би била Лепа Брена“, изјави Брена за „Курир старс“.
Пејачката го опиша и пеколот кој своевремено го преживеа само затоа што се омажила за Бобу Живојиновиќ.
„Кога се венчавме, Лепа Брена беше избришана од овие простори. Повеќе никому не му бев потребна и за никого не бев добра. Затоа што сите гулабчиња прелетаа, оддеднаш сите се идентификуваа со својата вера и национализам, а јас бев закачена на столбот на срамот, како најголема балканска ѕвезда, која имаше популарност како Тито. Сите сакаа да ме фрлат во кал, да ги избришат ѓоновите од мене, да ми го збришат името, се што стекнав. Не бев добра ни за во Србија, ни за во Босна, Хрватска, затоа што бев Југословенка. За мене Југославија претставуваше космополитизам, тоа беше држава пред чиј претседател се поклонуваше цел свет“, раскажа Лепа Брена.Брена искрено вели дека во некој друг живот, никогаш не би сакала да биде пејачка и да минува низ сите убави и лоши работи кои и се служиле низ жив