Кралот на народната музика, Шабан Шаулиќ, кој во новата сезона го промени столчето о жирито на „Ѕвездите на Гранд“ во „Пинкови ѕвезди“, открива зошто ставил точка на дружењето со колешката Ана Бекута и зошто му замерува на Драган Стојковиќ Босанец. За нивниот конфликт многу се зборуваше, а Шабан за прв пат ја открива причината за нивната расправија.
„Ана и Босанец во последниот серијал ги бојкотираа учесниците кои ги пееа моите песни. Не сакаа да гласаат за кандидатите кои изведуваа некој мој хит, а тоа не е чесно. Тие со тоа не ми нанесуваа штета на мене туку на тие натпреварувачи. Имаше доста момчиња кои пееа солидно, а тие наместо да им дадат поттик и малку да ги погурнат, ги потценуваа. Тие во текот на шоуто индиректно зборува за моите песни“, вели Шабан, а на прашањето што им згрешил па ака му враќаат, низ смеа додава:
„Ма тоа се комплекси што многумина пееа мои песни. Поради тоа проработува љубомората, но нека им служи на чест“, истакнува Шаулиќ, кој со Ана не бил само колега туку и пријател.За нивниот конфликт многу се зборуваше, а Шабан за прв пат ја открива причината за нивната расправија.
„Ана и