Популарната хрватска пејачка Северина се поретко го посетува Белград, а причина за тоа е наводно карактерот на нејзниот свекор Драган Коиќ Кеба.Северина се повеќе време минува во својата родна Хрватска, а поретко заминува за Белград, само за да не го сретне свекорот.
Како што пишува српски Мондо, пејачката наводно му рекла на сопругоѕ дека повеќе не сака да престојува кај неговите родители, зашто Кеба ѝ станал напорен, а наводно ја нервирало тоа што почнал да дава изјави за бракот на Игор и Северина.
-Во почетокот на бракот Северина и Игор цело време беа во неговиот семеен дом. Драган и Оља беа пресреќни поради тоа, дури им реновираа кат од куќата. Бидејќи Наташа се пресели во Америка, голема утеха им беше што синот и снаата живеат со нив. Иако Кеба каде ќе стигне зборува дека не му се меша во бракот на синот, постојано им кажува што треба да прават, па Северина отворено му рекла на сопругот дека тоа веќе не може да го трпи, вели избор близок на семејството.
Игор е растргнат меѓу жената и родителите. Иако сака да биде во Белград, прави како што ќе му каже таа.
-Игор не може да ја убеди Северина да се вратат во Белград. Таа постојано му повторува дека се плаши дека ќе се искара со татко му и дека е најдобро да се гледаат поретко, некогаш за ручек, а не постојано да се заедно. Му рекла дека таа на 44 години не може да се менува, дека целото семејство Коиќ го профатила за негова љубов, но не сака Драган да биде трета личност во нивниот брак, тврди изворот.
Северина, пак, го оправдува отсуството со лекувањето на гласните жици.Северина се повеќе време минува во својата родна Хрватска, а поретко заминува за Белград, само за да не го сретне свекорот.
Како што пишува