Три лица загинаа во поплавите предизвикани од невремето проследено со пороен дожд, што го зафати реонот на бугарскиот црноморски град Бургас.Како што јави БТА, спасувачките екипи пронашле безживотни тела на две жени и еден маж во поплавените региони во општината Камено.
Поплавите во реонот уништиле неколку мостови и предизвикале прекин во комуникациските и електричните врски, поради што жителите на десетина населени места останаа отсечени од светот.
Поради поплавите состојба на елементрана непогода е прогласена во општините Камено, Карнобат и Созопол.Како што јави БТА, спасувачките екипи пронашле безживотни тела на две жени и еден маж во поплавените региони во општината Камено.