Словенија со специјална нота до Хрватска

Словенија следната недела на Хрватска ќе и врачи специјална нота во врска со почетокот на примената на арбитражната одлука за границата, која Хрватска веќе соопшти дека нема да ја почитува.Владата ќе назначи и специјална група, која ќе ја координира примената на одлуката на Арбитражниот суд, соопшти словенечкиот премиер Миро Церар во разговор со градоначалниците на пограничните општини со Хрватска, пренесе агенцијата Хина.
Церар изјави дека на средбата, што подоцна овој месец треба да ја има со хрватскиот премиер Андрј Пленковиќ, нема да разговара за нова одлука за граничниот спор, како што бара Хрватска, туку за примена на арбитражната одлука, која, според него, е задолжителна и за двете земји.
Хрватска во 2015 година еднострано се откажа од арбитражата, откако беше откриено дека словенечки претставници лобирале пред судиите да донесат одлука во нивна корист. Оттогаш Загреб инсистира на нов формат за преговори со Словенија за граничниот спор.
Постојаниот Арбитражен суд во Хаг на 29 јуни утврди дека три четвртини од спорниот Пирански залив и припаѓаат на Словенија, која со специјален акт доби и коридор преку хрватските територијални води кон меѓународните води.
Загреб одбива да се сообрази со одлуката на судот и на Словенија да и дозволи пристап до меѓународните води.Владата ќе назначи и специјална група, која ќе ја координира примената на одлуката на Арбитражниот суд, соопшти словенечкиот премиер Миро Церар во

Пронајдете не на следниве мрежи: