Нашата Антониа Гиговска која ја претставуваше Македонија во „Пинковите ѕвездички“ вчера настапи во Прилеп со судијата во натпреварот Хари Мата Хари.Балканскиот заводник со огромна кариера и многубројни хитови беше дел од втората вечер на прилепскиот Пивофест.
Публиката од сите генерации во еден глас ги пееше неговите стари и нови хитови, но кулминацијата се случи кога тој ја повика на сцената нашата Антониа.
Иако неспорно е една од најголемите ѕвезди на Балканот, Хари сам не успеа да направи еуфорија во публиката додека со него на сцената не ја покани Антониа.
За нејзините гласовни способности знаевме сите, но она што синоќа изненади е нејзината умешност да се сплоти со огромна публика и да ја предизвика на пеење и овации.
Хари беше во стручното жири на балканскиот натпревар „Пинкови ѕвездички“ и постојано ја фалеше Антониа, а понекогаш и даваше совети и ја учеше како треба.
Таа вчера му покажа како Македонците се сплотуваат и како се прави спектакл со публика. Браво за професионалноста на Антониа и браво за поканата на Хари.Балканскиот заводник со огромна кариера и многубројни хитови беше дел од втората вечер на прилепскиот Пивофест.
Публиката од сите генерации