Минатата недела, актерката Дру Баримор за прв пат имаше ексклузивно интервју по нејзиниот развод од Вил Копелман.Иако разводот може да не стави во голема депресија, Баримор се обидува да остане позитивна и да се фокусира на она што и е најважно, ќерките Олив и Френки. Таа изјави: „Го терам животот чекор по чекор, се фокусирам на позитивните работи, силна сум и среќна, сепак јас сум само човек“.
Дру ја објасни својата идеологија на борење за среќата: „Мислам дека ништо не се создава лесно, но сепак не мора ни да биде тешко. Животот е и онака доволно тежок, затоа треба да уживаме во него со ведар дух. Среќата е нешто што тешко се стекнува, и потребно е многу труд за да се одржи позитивниот менталитет, но на крајот се исплати.“
Баримор многу се труди да биде добра мајка на своите ќерки Олив и Френки, за кои изјави: „Моите ќерки ми го изменија животот и ме претворија во личноста што секогаш сонував да бидам“. За денот на Мајката, таа ги изложи нивните цртежи во детската болница.
Сепак, се чини дека храбрата актерка чувствата ги потисна со јадење, па така, неодамна беше забележана од папараците на својата прошетка на која се гледаше дека е здебелена најмалку 15 килограми.
Нејзиниот брак со Вил Копелман заврши на почетокот на месец април, а траеше четири години, што е значително подолго од нејзините два претходни бракови, од кои едниот траеше два месеци, а другиот шест. Во тагата со неа се најдобрите пријателки, актерките Камерон Дијаз и Гвинет Палтроу. „Сите три ги обожуваме храната и виното, но тие вежбаат повеќе од мене, па така, понекогаш се чудам зошто изгледам толку потечено и потоа ми текнува дека не вежбам“, се смее таа.
Иако разводот може да не стави во голема депресија, Баримор се обидува да остане позитивна и да се фокусира на она што и е најважно, ќерките Олив и



