Верувале или не, Ким Кардашијан конечно јавно се изјасни што мисли за Јелена Карлеуша! Ријалити ѕвездата ја пофали пејачката на официјалната веб страница.Минатата година, цел свет зборуваше за тоа дека Ким Кардашијан го ископирала стилот на српската пејачка Јелена Карлеуша, но таа цело време беше воздржана. Меѓутоа, конечно одлучи да прозбори на таа тема.
Ким на својата официјална страница објави текст посветен на Карлеуша и истакна дека ја смета за неверојатна и моќна жена, како и дека е опседната со неа.
„Мојата нова женска симпатија (woman crush Wednesday) е српската поп ѕвезда Јелена Карлеуша! Прв пат слушнав за неа кога луѓето споредија некои од нашите комбинации – некои велеа дека ја копирам. Секако, морав веднаш да го видам тоа. Навистина е неверојатна! Некои од нејзините стајлинзи навистина изгледаат како моите – го сакам нејзиниот храбар стилски израз! Двете сме тотално гламурозни! Се чини дека е моќна жена којашто многу работи и тоа ми се допаѓа! Ја почитувам“ – напишала Ким на официјалната страница и објавила неколку фотографии од Карлеуша.
Карлеуша останала без текст и преку социјалните мрежи ѝ се заблагодарила на Ким Кардашијан за комплиментите.
Минатата година, цел свет зборуваше за тоа дека Ким Кардашијан го ископирала стилот на српската пејачка Јелена Карлеуша, но таа цело време беше воз



