Кандидат направи хаос на сцена на Ѕвездите на Гранд, па му порачале дека ваков кандидат…

После првата песна „Мила“ Андрија Шимиќ (26) од Белград не се покажа баш најдобро, но затоа после втората песна „Зар Ти“ докажа дека ѕвездата е родена. Тој со својот настап успеа да направи прекрасна атмосфера во студиото и да ја крене публиката на нозе за време на вчерашниот настап. Карлеуша го пофали Андрија дека изгледа како суперстар, дека има совршена енергија и дека таков како него не постои на нашата сцена.
„Ова воопшто не чинеше  што се однесува до пеењето. Дека си убав,  дека паѓаш во транс, тоа е ок. Ниту беше точно, ниту прецизно. Изгледаш кул, но што се однесува до пеењето тоа беше еднакво на катастрофа“, беше искрена Марија, додека Шабан не се согласил со неа бидејќи смета дека Андрија бил одличен.
Ниту Босанец не го пофалил многу: „Беше интонативно климав и катастрофален. Имаше привилегија што жирито ја крена завесата, па можевме да те видиме. Првата песна беше лоша, а ни другата не беше подобра“. Поповиќ го пушти понатаму  и порача дека ваков се уште немаат во Ѕвездите на Гранд. Погледнете како изгледаше сето тоа.

 
Карлеуша го пофали Андрија дека изгледа како суперстар, дека има совршена енергија и дека таков како него не постои на нашата сцена.
&bdquo

Пронајдете не на следниве мрежи: