Британските медиуми ја пренесоа веста дека актерката Ким Катрал (59), морала да се повлече од драмскиот проект во Лондон само неколку дена пред премиерата.Ѕвездата од сериите и филмовите „Сексот и градот“, требало да ја игра главната улога во представата „Линда“, средовечна жена која има амбициозен план да го спаси светот.
„На голема жалост ве известувам дека, по совет од лекарот, нема да можам да настапам на овој проект. Благодарна сум на театарот за разбирањето за мојата тешка здравствена ситуација“, соопштила актерката родена во Ливерпул.
„На сите ни е жал што Ким нема да може да продолжи да биде дел од претставата“, соопшти директорката на театарот „Ројал корт“, Вики Федерстон.
Лондонските медиуми пренесуваат дека не е познато со кои здравствени проблеми се бори Катрал, но се шпекулира дека станува збор за многу сериозна болест.Ѕвездата од сериите и филмовите „Сексот и градот“, требало да ја игра главната улога во представата „Линда“, средовечна жен



