„Сам дома“ е омилен филм за празниците, без кој не може да помине ниту еден Божиќ. Секоја година се дава на телевизија и гледачите одново и со иста радост го гледаат со најблиските.Филмот излезе во 1990 година и снимен е во четири продолженија.
Меколи Калкин тогаш имаше 10 години и стана голема ѕвезда. На 12-годишна возраст тој веќе стана милионер. Денес, овој 35-годишник се бори со депресија и зависности, свири во бенд и се занимава со сликарство.
Во 2012 година се предозираше со хероин, по што беше на лекување и сега тврди дека е „чист“, но таа зависност ја замени за друга – денес пуши и по 60 цигари дневно.
Кетрин О'Хара и Џон Херд во филмот ги играа неговите родители. Канадската актерка во изминативе две децении освои Еми награда, а сега, кога има 61 година, настапува во серијата „Schitt's Creek“. Џон (70), исто така, одигра низа успешни филмски улоги.
Крадците кои ги измами малиот Кевин, исто така се променети. Џои Пеши (72) и Даниел Стерн (58) изградија успешни актерски кариери, како на филмот, така и во телевизиски серии.
Филмот излезе во 1990 година и снимен е во четири продолженија.
Меколи Калкин тогаш имаше 10 години и стана голема ѕвезда. На 12-годишна во


