Сите светски таблоиди пишуваа за ноќта кога Викторија излегла со својот сопруг на отварање на својата продавница во Лондон во септември, а по неколку часа излегла во не така пријатно издание.Модната дизајнерка е позната по тоа што во секоја прилика е максимално дотерана, со перфектно избрана гардероба, што со текот на времето стана и нејзин зашитен знак.
Токму поради тоа, таа контроверзна фотографија привлече толкаво внимание.
„Фотографиите не лажат, но сигурно сум изгледала полошо отколку што навистина сум била. Дефинитивно испив премногу таа вечер. Мамурлакот не изостана утредента, но не бев толку пијана како што сум изгледала“, признава Викторија во интервју за британските медиуми.
Атрактивната Викторија исто така истакнала колку долго работела на тоа да направи идеален баланс помеѓу приватните обврски, семејството и својата кариера, што признава, не било воопшто лесно.
„Фала му на Бога што имам такво семејство кое секогаш максимално ме поддржува. Во принцип не излегувам навечер толку често, освен кога се работи за случувања кои поради работата едноставно не би смеела да ги пропуштам. Дејвид и јас секогаш се договараме така што еден останува со децата“, додава Викторија.Модната дизајнерка е позната по тоа што во секоја прилика е максимално дотерана, со перфектно избрана гардероба, што со текот на времето стан



