Иако е постојано присутна во медиумите и јавниот живот, Јелена Карлеуша веќе подолго време не снимила нови песни, иако нејзините фанови со нетрпение ги очекуваат, а последниот албум го издала во 2012 година. Поп дивата и членката на жирито на Ѕвездите на Гранд во својот вчерашен пост на фејсбук профилот, а кој подоцна го избришала, се надоврзала на негативните коментари со кои секојдневно се среќава, и се запрашала дали воопшто има фајде да снима нови песни и албуми бидејќи, како што вели, Србија ја убила нејзината желба и воља.„Балканот ги бара моите нови песни“
Во Србија но и во регионот не постои уметник кој повеќе вложувал во кариерата, уметник кој имал продукциски подобри концерти, спотови, албуми, настапи… од мене. Исто така, не постои уметник кој повеќе се трудел да ѝ го пружи само најдоброто на публиката, да ги поместува границите, да создава трендови… од мене.
Секоја секунда, секој момент од мојата работа е она што може да се гордост да се покаже во светот. И се што сторив пред 3,5,10 одини и понатаму на овие простори не допре. Во секоја смисла.
Јас сум единстве поп изведувач од овие простори кој сиот свет го познава. И почитува. Пишува, фали, бара… Но… не постои ниту личност, жена уметник кој е повеќе омаловажуван, навредуван, забрануван. Мене Србија ми нанаесе многу омраза и зло.
И сега, јас повторно треба, на сета таа омраза, да продолжам да вложувам и создавам, да правам нови песни, албуми и концерти?! Мене Србија ме уби со омразата. Мојата воља и мојата желба“, напишала пејачката.
Карлеуша веднаш по објавата на статусот добила коментари за поддршка, многумина веднаш коментирале дека со радост очекуваат новипесни, а атрактивната пејачка набрзо потоаја избришала оваа објава.„Балканот ги бара моите нови песни“
Во Србија но и во регионот не постои уметник кој повеќе вложувал во кариерата, уметник кој



