Бебе на познат фудбалер, трагично починало откако докторите направиле грешка во една позната приватна болница.Иако во болницата The Portland во Лондон се плаќа и до 20.000 фунти (околу 32.000 евра) за породилни услуги, сепак дошло до фатална грешка на докторите и малечкиот Џејк Јуниор, син на играчот на англискиот Хал Сити Џејк Ливермор и неговата невенчана сопруга Дејниел Дел-Жудис, се задушил при породувањето.
Детенцето починало на 18.05 минатата година, ден откако младата ѕвезда на англискиот клуб загуби од Арсенал (2:3) во финалето на ФА Купот, а истрагата дури сега е завршена.
За време на сослушувањето за трагедијата во врвната приватна болница во Лондон, можеле да се слушнат потресни сведоштва за очајните обиди да се спаси животот на момчето.
Истрагата покажала дека биле направени сериозни пропусти кога станува збор за медицинската струка. По смртта на синот, младиот играч паднал во тешка психичка криза од која сѐ уште закрепнува.
Клучната грешка на докторите била задоцнетата изведба на царски рез. Ова е заклучокот од истрагата која би требало да води и кон елиминирањето на последиците во процедурите за да се намали ризикот од евентуални слични случаи.Иако во болницата The Portland во Лондон се плаќа и до 20.000 фунти (околу 32.000 евра) за породилни услуги, сепак дошло до фатална грешка на докто



