Тупак е жив!? Полицаец проговорил за големата измама во лажирање убиство

Дејвид Мајерс, полицаец во пензија, тврди  дека му биле платени 1,5 милиони долари да помогне во измамата- лажирање на убиството на раперот.Скоро две децении по смртта на Тупак Шакур, не стивнуваат приказните за тоа дека  еден од најпознатите рапери на светот всушност ја исценирал својата смрт за да се повлече од јавноста.
„Сакам светот да ја знае вистината. Се срамам што учествував во таа измама, и  не можам да умрам, а да не кажам што навистина се случило“, вели Мајерс, кој е во критична состојба во болница, и се претпоставува дека боледува од рак.
„Повеќе од 30 луѓе учествуваа во лажирањето на неговата смрт. Помеѓу нив има полицајци, болничари, разни сведоци, но и луѓе кои се погрижиле во мртовечницата да биде префрлено теото на дублерот“ наведува тој.
Шакур починал во 1996 година, неколку дена откако бил изрешетан во пукотница од авотомобил. Тој е еден од најпродаваните уметници на сите времиња, со повеќе од 5 милиони продадени носачи на звук. Исто така бил и еден од „најгласните“ учесници во конфликтите помеѓу екипите од западниот и источниот брег на Америка.

Скоро две децении по смртта на Тупак Шакур, не стивнуваат приказните за тоа дека  еден од најпознатите рапери на светот всушност ја исценирал

Пронајдете не на следниве мрежи: