Незапамтена трагедија завчера ја потресе Србија бидејќи двајца браќа Стефан (14) и Никола Петровиќ (13) од тоа место за време на училишниот излет изчезнале под водата во Сребреното Езеро.За потсетување, браќата Стефан и Никола од селото Трска во близина на Рача се удавиле во Сребреното езеро, каде биле на училишен излет.
Откако на родителите им била соопштена тажната вест тие веднаш се упатиле на лице место, каде полицијата веќе ја започнала потрагата за браќата.
– Дојдоа на местото на несреќата, срцата на мајката и срцето на таткото не можеше да поднесе толку болка – двајцата паднаа во несвест на брегот, лелеците на мајката одекнуваа на пустиот брег.
Децата биле на фудбалски турнир
– На мечот ги водел директорот на училиштето, а откако го изгубиле натпреварот, отишле да го посетат Сребреното Езеро, за да се одморат малку. Таму имале две педалинки и на секоја од нив имало по 5 деца. За време на возењето момчето скокнало од педалинката во вода во моментот почнало да се дави. Постариот брат веднаш скокнал по него, но по неколу минути двајцата исчезнале под вода, вели за српски Курир извор од истрагата.
Престрашените деца кои биле на педалинките гледале што се случува пред нивните очи и почнале да вриштат и повикувале помош. Директорот на училиштето веднаш повикал Итна помош и полиција.За потсетување, браќата Стефан и Никола од селото Трска во близина на Рача се удавиле во Сребреното езеро, каде биле на училишен излет.