Боби Кристина Браун, која многу тешко ја поднесе смртта на својата мајка, се наоѓа на интензивна нега, а нејзиниот сопруг Ник ја пронашол во када полна со вода. Кристина не покажувала знаци на живот.Ќерката на Витни Хјустон и Боби Браун, се наоѓа во критична состојба и во моментов се наоѓа во болница, каде што лекарите се борат за нејзиниот живот. Боби Кристина Браун (21), вчера беше пронајдена како лежи во кадата.
Откако нејзиниот сопруг ја пронашол и повикал брз помош, таа е ставена во вештачка кома, бидејќи лекарите забележале оток на мозокот.
„Не знаеме што се случи и зошто не даваше никакви знаци на живот“, изјави нејзиниот сопруг.
Нејзиниот татко, Крис Браун, тврди дека неговата ќерка немала никакви проблеми со дрогата.
„Криси не се дрогира, таа не пиеше и се откажа од пушењето“, рече тој.
Полицијата сѐ уште истражува што точно се случило во домот на Боби Кристина и Ник Гордон.
Да потсетиме, дивата Витни Хјустон, мајката на Кристина, беше пронајдена мртва во када пред три години во Калифорнија. Витни почина во 48-та година од животот. Како непосредна причина за смртта, беше наведено случајно давење. Канцеларијата на локалната мртовечница во Лос Анџелес, излезе со соопштение дека причина за смртта било давење и последици од срцева болест, како и употреба на кокаин.
Ќерката на Витни Хјустон и Боби Браун, се наоѓа во критична состојба и во моментов се наоѓа во болница, каде што лекарите се борат за нејзиниот жив



