Откако молскавично се рашири веста дека португалскиот фудбалер Кристијано Роналдо и манекенката Ирина Шаек ја прекинале врската, најновите информации ја откриваат причината за нивната разделба.Португалските медиуми пишуваат дека главна причина за нивните несогласувања и крајот на врската била 60-годишната мајка на Роналдо, Марија Долорес дос Сантош Авеиро.
Според пишувањето на Дејли Мејл, до раскинување дошло затоа што Ирина не сакала да присуствува на роденденската забава на мајката од Роналдо, Марија Долорес дос Сантош Авеиро, па меѓу парот избила жестока кавга.
-Кристијано замина со Ирина во Дубаи, а планираше да одат во Мадрид за да ја посети својата мајка која го славеше својот 60 роденден. Меѓутоа, на Ирина не и се одело. Кажала навреди на сметка на Долорес, а тој застанал на страната на својата мајка. Тоа, воедно, била капката која ја прелила чашата затоа што во последните неколку месеци и онака не се сложуваа баш најдобро, кажал изворот близок до фудбалерот.Изворот вели дека на Ирина многу и пречело тоа што Роналдо секогаш на прво место ја ставал својата мајка.
-Во текот на една од неодамнешните посети во Мадрид, дури отседнала во хотел поради Долорес. Главниот проблем беше тоа што Долорес смета дека Ирина не е соодветна жена за нејзиниот син“, додал изворот.Португалските медиуми пишуваат дека главна причина за нивните несогласувања и крајот на врската била 60-годишната мајка на Роналдо, Марија Долорес



