Елена Ристеска ОТКРИ зошто се чувствувала депрeсивно!

Пејачката Елена Ристеска која ја воодушеви публиката ширум регионот со своето учество во шоуто „Твоето лице звучи позанто“ е природно убава, а со правилна нега се труди што подолго да го сочува младешкиот изглед.Таа признава дека како тинејџерка не водела многу грижа за препаратите кои ги користи и повеќе сакала да го поминува времето по кафулиња отколку во салоните за убавина, но со текот на годините сѐ се променило, рекла Елена во интервју за српскиот магазин Хело.
Сега со големо внимание ги избира козметичките производи, а редовно оди на фризер, маникир и педикир, како и на масажи, кои се задолжителни во нејзиниот месечен распоред.
За да ја зачува добрата линија, таа е и спортски активна, а во последно време најмногу ги сака тренинзите по тенис.
На прашањето дали тренира редовно, Елена одговара:
– Порано бев многу спортски активна, трчав покрај Вардар и редовно одев во теретана. После во еден момент престанав со каква било активност и се здебелив десет килограми, што на мене делуваше депресивно и се чувствував лошо. Затоа повторно почнав да се занимавам со спорт и три пати неделно одам на тренинзи по тенис. Тоа беше доволно метаболизмот да се забрза и да не се дебелеам. Што е најважно се чувствувам живо и поведро.Таа признава дека како тинејџерка не водела многу грижа за препаратите кои ги користи и повеќе сакала да го поминува времето по кафулиња отколку во

Пронајдете не на следниве мрежи: