„Секоја чест брате, ми го уништи семејството поради аферата со мојата жена Наташа“!

Родри Гигс, помладиот брат на легендариот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Рајан, за прв пат во јавноста  зборувал за сексуалната афера која неговата сопруга Наташа ја имала со Рајан.Британските медиуми пред три години објавие дека Наташа  го изневерила Родри со неговиот брат Рајан. Новинарите дознале се, дури и пред Родри. Во јавноста тогаш излегле и смс пораките  кои Рајан и Наташа ги разменувале еден со друг.
„Подготвила се за бегство. Една вечер се разбудив околу  три наутро и забележав дека Наташа не е покрај мене во кревет. Во 6 наутро дојде нејзината мајка со новинарите. Така дознав за изневерувањето. Веднаш го побарав Рајан и го прашав дали е сето тоа вистина. Тоа беа две личности на кои најмногу им верував. Потоа ја притиснав неа и ми призна  и ми ги покажа пораките и фотографиите кои ги разменувале“, рекол Родри.
Рајан Гигс ја изневерувал сопругата Стејси осум години со сопругата на својот брат.

„На крај на се Рајан ми рече дека тоа ништо не значело, дека било само секс. Ми рече дека не му значела ништо. Ми го уништи семејството поради секс. Па, секоја чест брате! Сакав да останам со семејството, но повеќе не можев назад. Брат ми и јас бевме неразделни како деца, заедно работевме се, го обожавав. Повеќе не разговараме, не сум го побарал. Не ме интереира извинувањето, само сакам да продолжам со животот. Таа дамка е во нивните животи. Мојата совест е чиста“, рекол Родри Гигс.Британските медиуми пред три години објавие дека Наташа  го изневерила Родри со неговиот брат Рајан. Новинарите дознале се, дури и пред Родри.

Пронајдете не на следниве мрежи: