Амал и Џорџ Клуни се потрудија своето гламурозно појавување на црвениот тепих да го направат незаборавно. Слободно може да се рече дека тоа навистина им тргна од рака.Тие се појавија на доделувањето на „Златните глобуси“, а Амал блесна во црна тоалета на Диор. Таа на себе носеше и бели ракавици, а со овој детал го потсети светот на модната икона, Одри Хепберн.
Својот изглед адвокатката го надополни со мала бела чанта на која стави беџ на кој пишуваше – Je suis Charlie, во знак на поддршка за убиените новинари во Франција.
Уште еден детаљ кој на сите им падна во очи е нејзината скромност пред камерите. Наместо да се фали, познатата адвокатка и борец за човекови права беше сосема приземна.
На прашањето кое дизајнерско име стои зад нејзината креација, Амал ја сменила темата за тоалетата и наместо тоа посочила на беџот кој го стави на нејзината чанта и прозборе за борбата против тероризмот.
Но, Џорџ Клуни не беше единствениот сопруг кој беше засенет од својата поубава половина. Во слична ситуација се најде и згодниот актер Ченинг Тејтум кој единствено што можеше да прави е да стои покрај неговата прекрасна сопруга Џена Деван Тејтум.
Тие се појавија на доделувањето на „Златните глобуси“, а Амал блесна во црна тоалета на Диор. Таа на себе носеше и бели ракавици, а со



