На Варадинскиот мост непознати лица поставиле транспарент „Не ја сакаме Цеца, сакаме работни места“. Транспарентот е закачен од новосадската страна на мостот.Да потсетиме, најавата за настапот на Светлана Ражнатовиќ на плоштадот на слободата за дочекот на Нова година според јулианскиот календар предизвикала бурни реакции во јавноста, а откажување на настапот барале низа партии и организации.
Од гратските власти потврдиле дека Цеца ќе настапи и навеле дека детали околу концертот ќе бидат соопштени во понеделник.
Партиите ја продолжиле војната со соопштенија
Во меѓувреме, војната со соопштенија помеѓу партиите по повод концертот продoлжува.
Така Војвоѓанската партија ѝ одговорила на СНС, која нив и ЛСВ ги прозвала дека немаат право да поставуваат прашања за концертот бидејќи должат за деловен простор и комуналии.
Повторно се огласила и лигата на социјалдемократите на Војводина која навела дека ги платиле сите сметки за греење, додека „работниот простор“ го плаќаат со рдовни месечни фактури. Тие пак поставиле прашање колку чини настапот на Цеца, кои се донаторите, колкав данок ќе плати таа на сето тоа.
И тука поворно се огласил и градскиот одбор на Српската напредна партија, која ја обвинил Демократската партија дека „ги навредува сите Новосаѓани со своите бесмислени напади на градоначалникот и СНС“. Тие соопштиле дека градоначалникот Милош Вучевиќ вовел пракса да не се издаваат средства од градската каса за организирање дочек за Нова година, туку средствата да се обезбедуваат преку спонзори.Да потсетиме, најавата за настапот на Светлана Ражнатовиќ на плоштадот на слободата за дочекот на Нова година според јулианскиот календар пре



