За се е виновен „ледениот предизвик“! Џенифер Гарнер му се налути на Бен Афлек: „Не го очекував тоа од него“

Многумина коментираа дека тоа беше еден од најсимпатичните ледени предизвици, но убавата актерка со тоа не се согласи.„Требаше да размисли пред да го направи тоа.“
Бен Афлек пред неколку недели и се придружи на хуманитарната акција и стана дел од ледениот предизвик. Тоа го направи на симпатичен начин – откако сопругата Џенифер Гарнер го поли со вода, ја повлече и заедно со неа падна во големиот базен.
Многумина коментираа дека тоа беше еден од најсимпатичните ледени предизвици, но убавата актерка со тоа не се согласи.
„Мојот сопруг ме фрли во базен, а мобилниот телефон ми беше во џеб. Нормално дека се расипа и морав цел ден да бидам без него. Не го очекував тоа и затоа се налутив, “ вели Џенифер.

Додава дека најмногу се налутила бидејќи не ја предупредил што ќе направи. Да знаела можела барем да го извади телефонот од својот џеб.
„Во ред, на крајот излезе добро никој да не ме вознемирува цел еден ден, но мислам дека мојот сопруг можеше тоа подобро да го изведе“ додава актерката.
Актерскиот пар има 3 деца: Вајолет, Серафина и Самуел.  „Требаше да размисли пред да го направи тоа.“
Бен Афлек пред неколку недели и се придружи на хуманитарната акција и стана дел о

Пронајдете не на следниве мрежи: