четврток, 12 ноември 2026
Најново

Ова се ѕвездите кои операциите ги чинеле живот!

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Веста за смртта на познатата комичарка Џоан Риверс одекна вчера во сите светски медиуми. За жал, ова не е единствениот случај, смрт поради компликации од операција. Стив Меквин
Бил еден од најпознатите антихерои на филмската индустрија. Уште во 1978 година имал здравствени проблеми, па поради страв од рак ги оставил цигарите. Сепак и покрај се му е дијагностициран рак. Две години се посветил на лекувањето, но во 1980 починал во текот на операцијата. 

Соланж Магнано
Соланж била многу позната убавица во 90-тите, мис на Аргентина во 1994 година и успешна манекенка. Кога се остварила како мајка во 2009 со близнаци одлучила да оди на естетска хирургија и да го затегне задникот. Операцијата тешко ја поднела а се случиле и копмликации со дишните патишта. После три дена починала. 

ПУЛС24.МК - 14 ГОДИНИ

 
 
 
 

Енди Ворхол
Бил американски уметник. Сликар, писател, ѕвезда…Во трето одделение се разболел од хореа, која предизвикува тресење на мускулите. Оваа болест довела до промена на кожата, а подоцна се развил и страв од лекари и болници. Бил врзан за креветот. Сепак постигнал голем успех во кариерата, а почлинал во 1987 за време на рутинска операција. 

Родни Дангерфилд
Кариерата ја изградил како комичар, а подоцна глумел во комедии кои го прославија. Неговиот здравствен проблем започнал кога имал 80 години и доживеал благ срцев удар. Лекарот тогаш одлучил да го оперира. Па така во 2003 имал операција на мозокот, а во 2004 на срцето, починал за време на операцијата на срцето. Стив Меквин
Бил еден од најпознатите антихерои на филмската индустрија. Уште во 1978 година имал здравствени проблеми, па

Поврзани вести