Мајката на Андреја Пејиќ: Мојот син/ќерка сака да…

Малкумина успеале да направат толкава врева во светот на модата како Андреја Пејиќ. Нејзината мајка Јадранка открива што манекенката планира понатака во кариерата и животот, но и со какви стравови се соочува откако официјално го променила полот и станала жена.„Андрија сака да доаѓа во Србија и Босна, и со задоволство би го заменила Рим каде моментално престојува со Србија, но не е баш сигурна во позитивните реакции од луѓето на Балканот. Медиумите коректно пишуваат за моето дете, но често кога ќе видам негативни коментари, размислувам дали е безбедно да дојде. Ми раскажуваше за ситуација која ја имала во Белград за концертот на Дипеш мод. Голем број на припадници на обезбедување биле тогаш околу неа. Коментарот на едниот од нив: „Не знам дали си машко или женско, преубава си“, сите нас не насмеа. Често и сама и велам: „Дете толку си прекрасна, како да не сум те родила јас“, вели мајката на популарната манекенка  која името Андреј го сменила во Андреја.

Пред повеќе од еден месец ја оствари својата  долгогодишна желба и го завршила процесот  на промена на полот, и сега како што вели нејзината мајка, ужива во тоа што конечно телото и духот и се ускладени. Нејзината мајка открила дека Андреја еден дан би сакала да има семејство и да се оствари во улога на мајка.
„Таа идеја во моментов  е во зачеток. Од медицинска страна не знам колку е тоа можно во моментов. Секако секогаш може да посвои дете, бидејќи има толку несреќни деца на светот без родителска грижа. Сигурна сум дека таа би им пружила подобра сигурност бидејќи Андреја, не затоа што е мое дете, е една навистина прекрасна личност.„Андрија сака да доаѓа во Србија и Босна, и со задоволство би го заменила Рим каде моментално престојува со Србија, но не е баш сигурна во по

Пронајдете не на следниве мрежи: