Бугарката Нина Добрев го освоила срцето на актерот Орландо Блум. Која е жената која по Миранда Кер влетала во прегратките на холивудскиот заводник?Славниот актер и актерка со канадско – бугарско потекло фатени се како се забавуваат минатиот викенд во Сан Диего. И двајцата биле на забавата на „Плејбој“, а Нина во еден момент седнала на масата на Орландо.
„Беа многу блиски. Седна на неговата маса и почнаа да разговараат, беа многу блиски. Тој пиеше текила и внимателно ја гледаше актерката“, вели еден од гостите на забавата.
По забавата продолжиле заедно во обиколка на градот. На ексклузивната забава „Nerd HQ“ играле, се гушкале, се смешкале и секако забавата ја напуштиле заедно, прегрнати, рано наутро.
„Орландо инаку е резервиран тип. Меѓутоа, кога ја стави раката околу нејзината половина… и баш и се приближи, се чинеше дека ќе ја бакне. Беше јасно дека ќе завршат заедно“, вели пријател на актерот.
Инаку Орландо се разведе од Миранда Кер, модел на Викторија Сикрет, со која има дете.
За прекрасната Бугарка единствено се знае дека била во врска со Ијан Сомерхолд. Со него се запознала на снимањето на серијата „The Vampire Diaries“ и се забавувале од 2011 година до пред неколку месеци. Поменатата серија ја прославила, а го толкува ликот на Елена Гилберт.
Славниот актер и актерка со канадско – бугарско потекло фатени се како се забавуваат минатиот викенд во Сан Диего. И двајцата биле на забават



