Убавата хрватска водителка се огласи по повод поплавите и доби бурни рекации.Водителката Николина Пишек остро ги искритикува јавните личности кои помошта која им ја даваат на луѓето загрозени од поплавите ја користат за да се фотографираат за социјалните мрежи и така се рекламираат себеси.
„Гледам овие денови на Фејсбук и на веб порталите и не им верувам на очите: фотографирање со кутии и вреќи во внимателно одбрани комбинации (ненаметливи, но сепак промислени), насмеани луѓе покрај срушени населби и беспомошни луѓе со бескрајна тага во погледите, „познатите“ држат транспаренти, исчитуваат јавно на концертите броеви за помош. Преку глава ми е од самопромоција. Како на луѓето не им е срам да се рекламираат на туѓата несреќа?
И зошто нечиј труд е поценет и јавно истакнат за разлика од несебичниот и крвав труд на огромен број анонимни луѓе? Помогни и ќути!“, напиша Николина на својот Фејсбук профил.
Реакцијата на водителката направи хаос на социјалните мрежи, па таа беше принудена да го избрише статусот.
Го избришав последниот статус бидејќи стана полигон за секакви шовинистички коментари. Да заклучам:
„Луѓе јас почитувам сечие мислење, но не морам со сите да се сложам. Останувам на своето.
Тоа е убавината на демократската дискусија“, порача Пишек.Водителката Николина Пишек остро ги искритикува јавните личности кои помошта која им ја даваат на луѓето загрозени од поплавите ја користат за да с



