Авалон Продукција се откажува од организирање на хуманитарниот концерт планиран за 28. Мај

Ве информираме дека Авалон Продукција се откажува од организирање на хуманитарниот концерт кој што беше планирано да се одржи на 28ми Мај. Имено, Владата на Република Македонија објави и најави дека ќе организира хуманитарен концерт кој ќе се одржи на 22ри Мај (четврток).Бидејќи сметаме дека не e логично во толку краток рок да се одржат два концерти за иста намена, што би довело до раситнување на ресурсите како што се ТВ преноси, кол – центар, купување влезници и слично.Ние отстапуваме од најавениот концерт со желба на концертот што треба да се одржи овој четврток, да се соберат што е можно повеќе средства за помош на настраданите подрачја во Србија и Босна и Херцеговина. На овој концерт ќе настапат и дел од изведувачите кои што беше планирано да настапат на концертот во наша организација.Имено, Владата на Република Македонија објави и најави дека ќе организира хуманитарен концерт кој ќе се одржи на 22ри Мај (четврток).

Пронајдете не на следниве мрежи: