Фановите на веб порталот „The House of Eurovision“ секоја година ја доделуваат „Барбара Декс“ наградата на според нив најлошо облечениот пејач на Евровизија.Оваа година со неславното признание се закити претставничката на Литванија, Вилија Матачијунаите, која на сцената се појави во футуристичка облека на моторџика со балетско тутуле околу половината.
Дури и нашата претставничка, Тијана Дапчевиќ, се најде помеѓу најлошо облечените пејачи годинава. Фановите неа ја рангираа како седма најлошо облечена пејачка на Евровизија 2014, која се одржуваше во Копенхаген, Данска.
Топ 10 најлошо облечени пејачи за оваа година според „The House of Eurovision“ се:
1.Вилија Матачијунаите – Литванија
2.Кристина Скарлат – Молдавија
3.Ема Мароне – Италија
4.Марико – Грузија
5.Херси Матмуја – Албанија
6.Твин Твин – Франција
7.Тијана Дапчевиќ – Македонија
8.Кејси Смит – Ирска
9.Клео – Полска
10.Елаиза – Германија
Наградата за најлошо облечен пејач е воведена во 1997 година. Македонија ја има освоено еднаш, со Мартин Вучиќ во 2005 година, додека единствените кои ја освоиле два пати се Србите, со Милан Станковиќ во 2010 и триото Моје 3 во 2013 година. Наградата е крстена според претставничката на Белгија на Евровизија во 1993 година, Барбара Декс, која на сцената се појавила во облека направена од завеса која самата си ја сошила.Оваа година со неславното признание се закити претставничката на Литванија, Вилија Матачијунаите, која на сцената се појави во футу



