Пејачката на „Алегро бенд“ Слаѓана Вујичиќ и нејзиното семејство преживеаја вистинска драма и едвај извлекоа жива глава во поплавениот стан во Обреновац, каде водата стигнала дури до четвртиот катСлаѓана со своите родители била заробена три дена, а благодарение на нејзините колеги Адил Максутовиќ, Цеца Ражнатовиќ, менаџерот Дејан Петрушиќ и специјалци, таа и нејзиното семејтсво се спасени и згриѓени во Белград.
– Нашата агонија траеше од четврток до сабота, каде во станот кој се наоѓа на четвртиот кат во Обреновац бевме заробени поради водената стихија која ќе не проголташе. Со оглед на тоа што без струја и вода бевме два дена, мојата единствена комуникација со реалноста беше мојот лап топ, кој за моја среќа имаше полна батерија и така на друштвените мрежи ги известив колегите дека сум заробена, вели пејачката за Ало.рс.
Први кои контактираа со мене беа Адил, Цеца и нејзиниот менаџер Дејан, кои ми понудија помош и ми пружија несебична поддршка во најтешките моменти во мојот живот. Дејан преку пријатели обезбеди чамец и со луѓето од специјалната единица дојде по мене и моите родители и не спасија од поплавата во последен момент, изјави низ солзи Слаѓана за Ало.рс.Слаѓана со своите родители била заробена три дена, а благодарение на нејзините колеги Адил Максутовиќ, Цеца Ражнатовиќ, менаџерот Дејан Петрушиќ и



