Откако Новак Ѓоковиќ по турнирот во Рим ги искритикува водечките светски медиуми како што се ВВС или CNN, на Британците не им требаше долго време да ги пуштат првите вести за поплавите во Србија.Британските медиуми не сакаа да остане на тоа, туку го повикаа Новак лично да им каже се во` врска со неговата изјава и секако, за да провери дали српскиот ас има нешто против нив.
„Луѓето страдаат, ги губат куќите…Најтешко е во гратчето покрај Белград, Обреновац. Има многу жртви, а владата се` уште не може сите да ги изброи бидејќи поплавите не стивнуваат. Ова беше многу емотивна недела за мене, се радував за својот успех на турнирот, но од друга страна, сакав колку што можам да ја кренам свеста на светските медиуми дека станува збор за поплави какви што не се бележат во последните 130 години“.
Новак потоа се осврна и на сериозноста кон она што следува:
„Не посочувам со прст кон никого, ниту обвинувам некој меѓународен медиум. Туку сакам својот статус да го искористам за да го привлечам вниманието на тие медиуми за она што се случува во Србија. Тоа е она што го сакав. Затоа јас и моите познати колеги од српскиот свет на спортот, се обидовме да ја кренеме меѓународната свест за значењето на таа помош“, заклучи Новак во интервјуто за ВВС.Британските медиуми не сакаа да остане на тоа, туку го повикаа Новак лично да им каже се во` врска со неговата изјава и секако, за да провери дали



